Семејно насилство во скопски Аеродром: Брат ја претепал сопствената сестра

 

Нов случај на семејно насилство е регистриран вчера во билтенот на МВР. Согласно изјавите на надлежните служби, 46-годишен скопјанец ја претепал сопствената сестра.

„На 25.05.2023 во 13.00 часот 43-годишна скопјанка пријавила дека околу 12.30 часот на подрачјето на Аеродром, по претходни недоразбирања, била физички нападната од нејзиниот брат Т.Т.(46)“, изјавија од МВР за „Прес24“.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

26.05.2023 - 16:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега