Семејно насилство во Скопје: 38-годишна жена била претепана од сопругот, свекрвата и золвата
Нов случај на семејно насилство е регистриран во полицискиот билтен. Жена на 38 години била претепана од нејзиниот сопруг, свекрва и золва истовремено.
„Денеска (06.11.2023) во 01.00 часот во СВР Скопје, 38 - годишна жена пријавила дека на 05.11.2023 околу 19.30 часот во домот на подрачјето на Чаир била физички нападната од нејзините сопруг А.И.(46), свекрва С.И.(71) и золва А.И.(43), сите од Скопје“, соопштија од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат надлежните служби.
06.11.2023 - 16:08
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа