Селмани: И да се формира коалиција на албански партии, таа не може да освои повеќе од 30 пратеници

Поранешниот кандидат за претседател, Имер Селмани во вечерашното гостување на ТВ 24 ја коментираше понудата на Али Ахмети за прв Албанец премиер.

Вели дека со оглед на тоа што станува збор за предизборие понудата е легитимна.

-Секој на избори оди со понуда за која би добил повеќе гласови. Ова е легитимно и кај дел од граѓаните ќе побуди мотивација да гласаат повторно ДУИ. Ќе имаше многу поголема тежина, да не беше сега дадена понудата, туку пред да се формираат коалициите и листите. Ако го понудеше ова на сите албански партии. Вака остава сомнеж зошто ДУИ сама без коалиција, го нуди ова. Легитимно е и опозиционите партии да ја критикуваат идејата, зашто тоа е голема идеја, но е тешко оставралива без поголема мобилизација имајќи го во предвид тоа дека за формирање влада потребни се 61 пратеник. Но, и да имаме една коалиција на албански партии, таа може да освои околу 30 пратеници, рече Селмани.

Според него, политичарите треба да се фокусираат на квалитетна понуда, а не да се борат кој е голем Албанец или голем Македонец.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.06.2020 - 19:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега