Селани од Грчец насилно влегле во енергетските објекти на ЕВН и направиле огромна штета на дистрибутивниот систем – дел од Сарај остана без струја
Делови од Сарај останаа без струја поради кражбите во селото Грчец.
-Противзаконските манипулации во мрежата направени од засега непознати лица од селото Грчец, предизвикаа хаварија во дистрибутивниот систем поради што без снабдување со електрична енергија денес останаа и корисниците на дел на територија на Сарај. По сериозниот дефект кој настана четвртокот наутро како последица на нелегално и неконтролирано контуинирано користење на електрична енергија од жителите на Грчец, селото имаше целосен прекин на испорака на електрична енергија, велат од ЕВН.
Како што соопшти компанијата, вчера, во доцните часови, дел од мештаните го вратиле снабдувањето со тоа што насилно и противправно влегле во енергетските објекти во сопственост на Електродистрибуција, а со тоа предизвикале огромна и неповратлива штета на целиот дистрибутивен систем во регионот.
Во моментот Електродистрибуција е на терен со придружба на полиција и се обидува да го врати напојувањето што поскоро на што е можно повеќе корисници.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа