Секое семејство во Македонија изгуби по 1000 денари уште пред да му почне месецот
И покрај фактот дека речи си и да нема намирница во продавниците која не е поскапена, надлежните велат дека граѓаните не треба да стравуваат бидејќи според нив, ценовни шокови нема да има. Велат, државата е подготвена да ги заштити граѓаните а пченица и брашно има доволно во државните резерви. Според Министерот Бектеши рафтовите во продавниците за време на викендот останале празни бидејќи некои од трговците сами ги повлекле залихите за од почетокот на неделава да ги вратат назад со нови цени. Тој вели дека лебот не е поскапен а зеленчукот и овошјето имаат пониска цена. Го предупреди медиумите да внимаваат на информациите бидејќи сега не е време за шпекулации и манипулации.
Но храната не е единствениот проблем за стандардот на граѓаните. Само од почетокот на годинава еден литар бензин е поскап за над 10 денари, што значи, за еден резервоар од 50 литри денеска ви требаат 500 денари повеќе во однос на крајот на минатата година. Дополнително, од почетокот на годинава, сметките за струја пораснаа за 10% што значи дека на една просечна сметка за струја од 3000 денари граѓаните плаќаат 300 денари повеќе. Дополнително зголемени се и сметките за парно во износ кој исто така се движи околу 300 денари што значи дека само за основните трошоци за 2 месеци од почетокот на годинава граѓаните треба да платат по повеќе од 1000 денари плус во однос на крајот на минатата година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа