Се запали траект во море, спасени 177 луѓе: На бродот имало и мигранти, итно реагирала италијанската полиција

 

Италијанската крајбрежна стража спаси 177 лица, вклучително и 27 членови на екипажот, од траект што се запали на пат од италијанскиот остров Лампедуза кон сицилијанскиот град Порто Емпедоклес, соопштија денеска властите.

Меѓу патниците на траектот имало и 83 мигранти кои биле префрлени од Лампедуза, се наведува во соопштението на крајбрежната стража.

 

За време на спасувањето, крајбрежната стража употреби водени топови за да ги разлади деловите на траектот погодени од пожарот, кој избувна во машинската соба во петокот доцна навечер, се вели во соопштението.

 

 

30.09.2023 - 14:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега