Се запали автомобил во движење во Виница

Вчера во 23.42 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека на ул.,,Ленинова“ во Виница настанал пожар во патничко возило „фолксваген поло“ со беровски регистарски ознаки во движење, управувано од Д.Г.(19) од с,Будинарци, беровско.

Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Виница.

Извршен бил увид.

 

23.06.2024 - 15:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега