Се слави Василица: Што треба да направите, а што да избегнувате на овој ден?

Денеска, според Православниот календар, се слави Свети Василиј Велики, или Стара нова година, затоа што овој ден, всушност е 1-ви јануари според стариот календар. Многу семејства денес имаат слава, а именден слават Василиј, Васил, Васе, Василија, Васа...

Свети Василиј Велики е архиепископ Кесариски, кој бил роден во времето на царот Константин.

Она што од обичаите во многу краишта го прават се палење на остатоците од елката, а на некои места се замесува посебен обреден леб, василица во спомен на свети Василиј Велики.

Треба да бидете будни при дочекот на Новата година, па така многу девојки на пример погодуваат дали ќе се венчаат таа година и со кого ќе се омажат.

Она што е многу важно на овој ден е да се избегнуваат кавги за да не се карате цела година.

14.01.2024 - 11:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега