Се решава судбината на Тен Хаг

 

Новиот извршен директор на Манчестер Јунајтед, Омар Берада ќе одлучи за иднината на Ерик тен Хаг, пишува „Дејли Меил“.

Се очекува Берада да ги преземе новите должности на „Олд Трафорд“ по завршувањето на актуелната кампања и се очекува да донесе одлука за местото главен тренер во првите денови од неговиот мандат.

Пред неколку дена се појави информација дека „црвените ѓаволи“ веќе следат неколку тренери, доколку дојде до разделба со Холанѓанецот.

Опциите ги вклучуваат поранешниот менаџер на Челси и Брајтон, Греам Потер, сегашниот тренер на Брајтон, Роберто Де Зерби, како и менаџерот на Брентфорд, Томас Френк.

На списокот се најдоа и тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, кој ќе си замине на крајот на сезоната, како и поранешниот тренер на Вулверхемптон, Хулен Лопетеги.

Оваа листа ја заокружуваат легендата на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, тренерот на Спортинг Лисабон, Рубен Аморим и селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман, според изданието.

25.03.2024 - 17:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега