Се огласи Марија Шерифовиќ, откако предизвика хаос на улица

 

Марија Шерифовиќ неодамна се најде во скандал пред јавноста кога на социјалните мрежи се појави видео како дивее низ белградските улици, на кое јасно може да се види како пејачката во друштво на непозната девојка го запира својот автомобил среде улицата, излегува од него и почнува силно да вреска и да удира со рацете по возило.

На социјалните мрежи веднаш почнаа шпекулациите дека во тој момент со Марија била и Џејла Рамовиќ, со која ја поврзуваат откако младата пејачка излезе на јавната сцена.

Шерифовиќ по појавувањето на видеото се огласи и објасни дека во тој момент добила „приватно лоши информации“, а сега јавно проговори за скандалозниот случај.

-Не можам да кажам дека жалам што во јавноста излезе видеото каде што го направив инцидентот. Сите вие ​​овде сте луѓе од крв и месо, имате екстремитети, душа и емоции. Не е примерно, но никогаш не би го заменила мојот најискрен потег за се што е неискрено и лажно. Им се извинувам на пријателите, на автомобилот, на луѓето што ги разбудив, изјави Марија.

26.09.2022 - 17:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега