СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го прифаќа проектот за пругата што го критикуваше
Станува се потешко да се изборјат лагите на ВМРО-ДПМНЕ во овие стотина дена откако ја преземаа власта, велат од СДСМ преку соопштение.
Како што тврдат, најновата лага која со месеци ја трубеше министерот Александар Николоски е дека проектот за пругата од Коридорот 8 бил за никаде, дека тунелот завршувал во планина и дека тој ќе го сменел проектот.
„Ништо од ова што го кажувал Николоски не било точно. Сега Владата се согласила и дека ќе се гради истиот проект и дека тунелот е добар и дека нема да се менува трасата.
Има ли нешто за што не излажа Николоски откако е седнат на фотелјата?
СДСМ постојано тврдеше дека станува збор за проект подготвен од меѓународни експерти, дека истиот е целосно во согласност со потребите на проектот и дека нема никаква друга пречка овој проект да се спроведе.
Откако со месеци ја манипулираа јавноста, поништуваа постапки сега се сложија да го градат проектот онака како што досега беше планирано. Единствено што постигнаа е да ја окупираат јавноста и медиумите со нивните бескрајни соопштенија и прес конференции.
Ова е уште едно признание дека стратешките проекти кои ги водеше СДСМ биле добри и дека сега оваа Влада ќе продолжи да ги реализира.
Неодамна Владата во целост го потврди и планот за раст кој СДСМ го подготви и во целост го потпиша, Мицкоски се повикува на Преспанскиот договор како добар приемр за дипломатија и бара таков договор со Бугарија. ВМРО-ДПМНЕ за 100 дена ги призна сите добри политики на Владата кои претходно ги криткуваше. Лицемерието е огромно и невидено на овие владини простори“, се вели во соопштението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа