СДСМ: Владата предводена од СДСМ е посветена на надминување на последиците од коронакризата- следува четвртиот пакет економски мерки

Уште во првите денови од новиот мандат, Владата предводена од СДСМ е силно посветена на создавање и реализација на мерки и политики кои имаат за цел брзо надминување на економските последици од коронакризата, велат од СДСМ преку соопштение.

Од партијата наведуваат дека наскоро започнува реализација на четвртиот пакет економски мерки преку кои ќе им се помогне на граѓаните, работниците и компаниите.

- За да се стимулира приватната потрошувачка и да се зајакне куповната моќ, платежни картички ќе им бидат доделени и на пензионерите со пензии до 15.000, пасивните баратели на работа, како и на самохраните родители. Следуваат и стимулативни мерки за враќање на работа на лицата кои беа отпуштени за време на кризата, а продолжува и поддршката за компаниите со цел зачувување на работните места. Владата предводена од СДСМ преку навремени и ефикасни мерки и политики успеа да ги ублажи првичните удари врз економијата. Во новиот мандат, следува градење на нова, развојна македонска економија подготвена да одговори на сите предизвици и да обезбеди шанса за сите, стои во партиското соопштение.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.09.2020 - 09:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега