СДСМ: Мицкоски го загуби ТВ дуелот со Ковачевски, затоа е нервозата во ДПМНЕ

Христијан Мицкоски го загуби ТВ дуелот со претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски. Се покажа дека Мицкоски нема план за иднината, дека нема промена во ДПМНЕ, велат од СДСМ.

-Претседателот Ковачевски доминираше на ТВ дуелот. Аргументирано ја претстави јасната визија и план за европска иднина, за завршување на преговорите и членство во ЕУ со 2030 година, како и клучните столбови на програмата на СДСМ за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, со просечна плата од 1.100 евра, минимална плата од 600 евра, минимална пензија од 20.000 денари, просечна пензија од 30.000 до крајот на мандатот до 2028 година, за реформи во правосудството и многу други мерки за граѓаните, велат од оваа партија и додаваат дека „затоа е нервозата во ДПМНЕ овие денови со агресивни комуникации и невистини“.

Според сдсм, се потврдува дека на овие избори граѓаните ќе имаат избор меѓу надеж со СДСМ и безнадежност со ДПМНЕ, меѓу европска интеграција со Ковачевски и изолација со Мицкоски.

 
06.04.2024 - 10:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега