Левица со поддршка за утрешните протести организирани од синдикатите


Во пресрет на 1 Мај, Левица, како единствена Партија на трудот, дава поддршка на утрешните протести организирани од синдикатите во Република Македонија.

„Организираниот труд е искрата во модерното време во кое владее профитот како главен двигател на политичките текови кои создаваат богатство за малкумина потиснувајќи го мнозинството. Оваа држава ја одбраниле и изградиле работниците, а ја ограбиле великопоседниците. Левица има најопсежна и суштинска програма за трудовата политика, како ваша Партија – партија на работничкиот народ. Ни треба суштинска промена, не лажна козметика, и тоа:

– 6 часовно работно време;
– Укинување на договорите на определено време;
– Зголемување на минималната плата на 2/3 од утврдената синдикална потрошувачка кошница;
– Задолжителна исплата на платите до секој седми во тековниот месец;
– Задолжителна дупла дневница за работа за викенди и празници;
– Повторно учество на работниците во Управните одбори на претпријатијата;
– Проширување на дефиницијата за професии со бенифициран стаж за трудово интензивни професии;
– Здравствено осигурување и во случај на неисплатени плати и неплатени придонеси од страна на работодавците;
– Воведување на дополнително татковско отсуство, за новородено дете и
​​​многу други мерки кои ќе го вратат вашето достоинство.

 

Работници, вие сте столбот на општеството и без вас не може ништо! Пробудете се и зграпчете ја политичката моќ назад во свои раце“, велат од партијата.

30.04.2024 - 23:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега