СДСМ: Ја покачивме просечната плата на 39.000 денари, највисока досега

СДСМ обезбедува повеќе за сите граѓани. Економските мерки и политики на СДСМ ја покачија просечната плата во државата на речиси 39.000 денари, или 630 евра, велат од партијата.

- Ова е историски највисока просечната плата досега, драстично повисока во спроредба со времето на ДПМНЕ
 
- Со ДПМНЕ, во 2016 година, просечната плата беше 360 евра, дури 270 евра помала од сегашната.
 
Додаваат и дека изборното ветување на СДСМ за просечна плата од 500 евра во 2024 година предвреме е исполнето , но и значително надминато.
 
- СДСМ на дело покажува како се цени и вреднува трудот на работниците, велат тие во соопштение за јавноста.
 
СДСМ
26.12.2023 - 09:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега