СДСМ денес на конгрес се очекува да ја официјализира поддршката за втор мандат на Пендаровски

 

СДСМ денес  во 18 часот ќе одржи конгрес на кој се очекува да ја официјализира поддршката за втор мандат на актуелниот претсдетел, Стево Пендаровски.

Предвидено е најпрвин да се одржи работниот дел од Конгресот, по што медиумите ќе можат да го проследат обраќањето на поддржаниот кандидат за претседател на државата, соопшија од прес-службата на СДСМ.

Пендаровски во петокот објави дека ќе се кандидидира за втор мандат. Изрази очекување дека СДСМ ќе ја формализира поддршката за неговата кандидатура на конгресот, по што од понеделник ќе почне со разговори и со десетте партии од таа коалиција, кои најавиле дека ќе го поддржат во трката за претседател. Пендаровски ги повика граѓаните од 3 март да го поддржат и со собирање на потписи.

Пендаровски при објавата на кандидатурата посочи дека зад себе има мандат без ниту една стратешка грешка, без корупциска афера и случај на непотизам поврзан со него, неговото семејство, роднините и соработниците. Тој рече дека покажал оти може да биде независен од кои било центри на политичка моќ, вклучително и оние што го поддржале на избори.

„Никој не ме контролира или не ги диригира моите одлуки“, рече Пендаровски.

ВМРО-ДПМНЕ вчера ја официјално ја објави поддршката за кандидатурата на професорката Гордана Силјановска Давкова, која беше политички опонент на Пендаровски и на претходните претседателски избори. Во меѓувреме, потребните 10.000 потписи за претседателската трка ги собраа Бујар Османи од ДУИ, Арбен Таравари од коалицијата Вреди, Максим Димитриевски од ЗНАМ, Билјана Ванковска од Левица и Стевчо Јакимовски од ГРОМ.

Рокот за собирање потписи истекува на 8 март. Првиот круг од претседателските избори е на 24 април, а вториот на 8 мај кога ќе се одржат и паралемнтарите.

 
03.03.2024 - 10:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега