„СДК“: Наместо учители децата на училиште ги пречекал педаготот, на 50 наставници не им се продолжени договорите за работа

 

 

Наместо наставник, денеска дел од првачињата во училиштето „Климент Охридски“ во Битола биле пречекани од педагог, бидејќи на учителката и истекол договорот за работа. Ова го изјавил родител на дете за порталот „Сакам да кажам“.

На самиот почеток на учебната година, опозицијата обвини дека на 50 наставници не им се продолжени истечените договори за работа. Градоначалникот Тони Коњановски денеска изјави дека договорите кои се прекинати до 31 август се обновуваат и се трудат никој да не остане без работа.

Од училиштето „Климент Охридски“ одговарајќи на прашање на порталот, дали дел од првачињата ги пречекал педагогот наместо учителката и зошто тоа е така, одговорија дека со пригодна манифестација примиле 122 првачиња , при што биле запазени сите протоколи и законски процедури. Оттаму изјавиле дека имаат доволен наставен кадар, пренесува „СДК“.

 

Од основното улилиште „Коле Канински“ посочуваат и во одделенска и во предметна настава сите наставници биле на работно место. Го посочија само подрачното училиште во Буково каде немаат ни едно прваче годинава, па не може да се ангажира наставник.

Целата вест прочитајте ја ТУКА.

01.09.2023 - 15:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега