СДК: Членови на ДУИ биле упаѓачите во зградата на М-НАВ

Откако Александар Тасевски, Претседателот на Синдикатот на контроли на летање обвини дека во објектот за контрола на летање, влегле лица и нападнале вработени, медиумот САКАМДАКАЖАМ.МК неофицијално пренесува дека упаѓачите биле членови на ДУИ.

Наводно, групата што упаднала била лута затоа што и контролорите Албанци излегле надвор на прес-конференцијата и му дале поддршка на Тасевски. Еден од контролорите, кој бил на смена, бил удрен со бокс.

Целиот случај е пријавен во полиција и за овој инцидент известени се министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Контролорите на летање со кои овој медиум разговарал рекле дека се фрапирани како насилниците воопшто влегле во М-НАВ и кој ги пуштил затоа што влегувањето во М-НАВ подлежи на строги контроли.

Имено, постојат две контроли - едната е пријавница на влез во дворот на М-НАВ каде што е сместена и контролната кула на Скопскиот аеродром, а втората е на влезот во самата зграда каде што пристап имаат само вработените со електронски картички.

 

 

04.01.2024 - 16:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега