САД воведоа санкции за двајца руски шпиони

 

САД денеска воведоа санкции за двајца руски разузнавачи кои се обиделе да се вмешаат во изборите во земјата како дел од „глобалните операции за штетно влијание на Москва“, соопшти американското Министерство за финансии.

Егор Сергеевич Попов и Алексеј Борисович Суходолов, офицери на руската Федерална служба за безбедност, работеа на поткопување на демократските процеси во САД и други земји преку мрежа на соучесници, се вели во соопштението.

Во текстот се вели дека двајцата соработувале со Александар Викторович Јонов, Русин кој американското Министерство за правда го обвини минатата година за долгогодишни напори да ги искористи политичките групи во Флорида, Џорџија и Калифорнија за мешање во изборите.

Не е прецизирано на кои избори се обиделе да влијаат двајцата Руси.

23.06.2023 - 21:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега