Русковска: Спасовски го потпишал решението за прекин на работа на станицата „Виа Комерц“ три дена по несреќата во која загинаа 45 луѓе во Бугарија

 

Освен притисоците и заканите за предметот за Рашковски, други проблеми немала поранешната шефица на Обвинителството за гонење на организиран криминал, Вилма Русковска, но во интервју во емисијата „Топ Тема“ рече дека сепак останале отворени предистраги, за кои веќе имало набавено многу докази, а една од нив е за станицата за технички преглед „Виа Комерц“ за автобусот на’Беса Транс’, во кој во сообраќајна несреќа во Бугарија загинаа 45 македонски граѓани.

Според Русковска, комисијата во МВР уште во јули донела решение станицата за технички преглед „Виа Комерц“ да биде затворена, но министерот не го потпишал тоа решение.

-Решението требал да го потпише министерот, но тој го потпишал три дена после случувањето на сообраќајната несреќа, а законска обврска е да се потпише во рок од 15 дена, а потпишано е по повеќе од 3 месеци од донесеното решение, рече Русоковска.

Додава дека предметот бил во поодмината фаза со насобрани докази, но не можела да го доврши.

-Ако работи таа станица, работи незаконски затоа што Град Скопје им го има одземено сообраќајното решение. Предметот е пренесен на друг обвинител, но до каде е сега, Русковска вели дека не знае.

03.04.2023 - 23:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа