Руски дрон удри во возило на шведска ТВ екипа

Руско беспилотно летало удри во автомобил на екипажот на шведскиот канал ТВ4 во регионот Запорожје, пренесува „Украинска правда“.

Репортерот  и фотографот не се повредени во нападот кој се случил вчера околу 11:30 часот по локално време. Локалните медиуми посочуваат дека нападот бил извршен и покрај тоа што медиумските работници носеле елеци и шлемови со натписот „ПРЕС“. Автомобилот бил погоден неколку моменти откако тие излегле од него.

„Овој пат имавме среќа. Рускиот дрон удри директно во задната врата од нашиот автомобил. За среќа, немаше никој во автомобилот“, рекол репортерот. Во нападот полесно е повреден украинскиот продуцент Олександр Павлов, а ранети се и двајца украински полицајци кои ја придружувале екипата на ТВ4.

Во нападот целосно се уништени автомобилот и опремата за снимање. Во извештајот се наведува дека вработените во ТВ4 планирале да снимаат прилог за украинската контраофанзива.

20.09.2023 - 18:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега