Русите гаѓаа пензионерски дом во Украина: Еден загинат

Најмалку едно лице загина а неколку се повредени во руско гранатирање на пензионерски дом во североисточниот украински град Суми, пренесе ДПА.

– Во овој момент, за жал, едно лице е убиено, а девет се повредени, изјави гувернерот Володимир Артјух.

Повредените се пренесени во болница, додаде тој.

Украинските телевизии емитуваа снимки на кои се гледа како доброволци се грижат за постари луѓе во инвалидски колички и на носилки.

Според Артјух, повеќе од 200 луѓе биле во домот за стари лица во моментот на нападот, од кои на некои им била потребна нега.

Во изминатите неколку дена, руската војска постојано ја напаѓа критичната инфраструктура во областа Суми, особено во главниот град на регионот, користејќи проектили, бомби и дронови.

Снабдувањето со електрична енергија и вода во Суми оттогаш е прекинато.

На почетокот на август, украинските војници од Суми го почнаа својот ненадеен упад во соседниот руски регион Курск.

Украина се бори против руската инвазија повеќе од две и пол години.

19.09.2024 - 19:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега