Русија ќе користи кучиња скитници за расчистување на нагазни мини во Украина

 

Русија го испитува планот за собирање на кучињата скитници и нивно користење за расчистување на нагазни мини во Украина. Многу градови  имаат проблеми со отфрлените миленичиња и улични кучиња кои ловат во глутници. Пратеникот Федот Тумусов (67) побара „големите и агресивни“ скитници да бидат обучени од специјалисти за воена работа и додаде дека таквата улога на чистење мини би ги ставила нивните животи во акутна опасност.

„Имаме многу експерти за кучиња во нашата земја кои можат да ги учат кучињата скитници на секакви различни вештини“, рече политичарот.

Тој ја праша владата дали „експертите за кучиња можат да обучуваат големи и агресивни кучиња и да ги испратат во воената зона  СМО“.

СМО се однесува на „специјалната воена операција“ што Русија ја користи за инвазијата на Украина, каде што се стреми кон „демилитаризација и денацификација“ на земјата.

Пратеникот на партијата „Праведна Русија“ рекол:

„Нека помогнат во извлекувањето на ранетите и нека учествуваат во расчистувањето на мините“.

18.05.2023 - 10:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа