Роберт Кенеди Јуниор ја обвинува ЦИА за атентатот врз Џон Кенеди

 

Американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) стои зад атентатот на американскиот претседател Џон Ф. Кенеди Џуниор во 1963 година и веројатно била вмешана и во атентатот на американскиот јавен обвинител и брат на убиениот претседател, Роберт Ф. Кенеди во 1968 година, изјави во неделата демократскиот претседателски кандидат Роберт Ф. Кенеди Џуниор во интервју за радио WABC.

„Постојат докази дека ЦИА била вмешана во атентатот. Огромни се доказите дека ЦИА била вмешана и во атентатот и во прикривањето “, рече Кенеди, кој додаде дека во моменов, „тоа е несомнено“ и ги опиша напорите за дискредитирање на оваа теорија како „шеесетгодишно прикривање“.

Кенеди ја посочил книгата на Џејмс Даглас „ЏФК и неизречивото (JFK and the Unspeakable) како најдобра збирка докази на оваа тема, иако десетици, ако не и стотици дела се напишани за атентатот и за наводната улога на ЦИА.

Во официјалното објаснување на американската влада, објавено како извештај на Вореновата комисија, се вели дека ветеранот на американските маринци Ли Харви Освалд сам го извел атентатот на Кенеди додека неговата колона минувала низ Далас на 22 ноември 1963 година.

Освалд беше убиен пред да му се суди, а по апсењето изјавил дека тој е жртвено јагне. Тој бил убиен од Џек Руби(вистинско име Џејкоб Рубинштајн), сопственик на ноќен клуб, за време на трансферот од полициската управа во Далас во окружниот затвор.

Кенеди додава дека постојат „многу убедливи, но посредни“ докази оти ЦИА била вмешана и во атентатот на неговиот татко, јавниот обвинител и претседателски кандидат Роберт Ф. Кенеди во 1968 година.

Тој ја опиша официјалната приказна за атентатот, наводно извршен од палестинскиот тимар на коњи, Сирхан Сирхан, како физички невозможна, тврдејќи дека куршумите што го убиле Кенеди всушност ги испукал Тејн Јуџин Цезар, чувар на хотел кој бил вработен и во воената компанија Локхид.

Четири години по убиството на ЏФК, речиси половина од американската јавност не веруваше дека Освалд дејствувал сам. ЦИА беше толку загрижена поради овој факт што во 1967 година издаде директива за тоа како да се дискредитираат т.н. теоретичари на заговор со доведување во прашање на заклучоците од Вореновата комисија.

Современата употреба на терминот „теоретичар на заговор“ како пејоратив често се поврзува со овој меморандум од 1967 година.

08.05.2023 - 10:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега