Штип и Карбинци со спремни проекти за вториот повик од унгарскиот заем

 

Општина Штип и Карбинци подготвени за вториот јавен повик од Владата за искористување на средства до 15 милијарда денари. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов вели дека со десетина капитални проекти ќе аплицира Општина Штип за развој на самиот град. Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов денеска изјави дека ќе аплицира со четири проекти. И за обете општини ова ќе означува добра можност за да инвестираат во проекти со кои ќе се решаваат деценските проблеми на граѓаните.

-Согласно тоа што од следната недела повикот ќе биде на располагање општините да аплицираат со соодветни капитални проекти, Штип располага со десетина проекти, пред се капитални, кои што ќе донесат развој на градот. Меѓу другите, тоа е за нов тек на реката Брегалница, за намалување на сообраќајниот метеж и за поврзување со новата сообраќајница, неколку нови сообраќајници, исто така во насока на намалување на сообраќајниот метеж, платформа во централното градско подрачје, реставрација на тврдината Исар, булеварско решение на потегот од влезот и излезот на градот, парк Кежовица, вели Јорданов

05.02.2025 - 22:31

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега