РКЕ утврди нови цени - поскапува дизелот

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво, како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.08.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 79,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 81,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ- 1), се зголемуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.08.2024 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 71,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 71,00 ден/лит.

19.08.2024 - 13:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега