Регулаторна одлучи: Поскапување на цените на горивата од полноќ
Се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,84% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 17.01.2022 година.
Mалопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 од полноќ ќе изнесува 78,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 80,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 71,00 ден/лит и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 71,00 ден/лит.
И малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, од полноќ ќе изнесува 44,213 ден/кг. Акцизите на нафтените деривати во сите групи на малопродажни цени се утврдени согласно со законот за акцизи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа