Регулаторна одлучи: Од полноќ поевтинуваат бензините

 

Бензините поевтинуваат за половина денар, цената на дизелот не се менува, соопшти утрово Регулаторната комисија за енергетика

„Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 0,50 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.11.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 74,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 76,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 65,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.11.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 66,50 ден/лит“ – велат од РКЕ

29.11.2021 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега