Регулаторна доцни со објавувањето на цените на горивата
Регулаторната комисија за енергетика повеќе од 1 час доцни со објавувањето на новите малопродажни цени на нафтените деривати. Извори од таму велат дека се уште траат разговори како би се нашол начин да се направи што е можно помала корекција на цените.
Цената на суровата нафта на светските берзи изминатата недела забележа најголемо ниво во последните 14 години. Постојат стравувања дека растот на цените би можел да биде двоцифрен.
07.03.2022 - 13:36
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа