Разрешувањето на јавниот обвинител Коцевски на владина седница
Предлогот за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски денеска ќе се најде на владина седница.
На седницата ќе биде разгледано мислењето доставено од Министерството за правда, по што согласно законските обврски, истото ќе се достави до Советот на јавни обвинители.
- „Како влада ќе продолжиме да преземаме активности кои се во насока на подобрување на функционирањето на правосудниот систем“, информираа од прес службата на владата.
Министерството за правда смета дека Коцевски треба да биде разрешен заради низа скандали, нарушена функционалност, корупција и нарушени меѓучовечки односи во Јавното обвинителството.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа