Раста бесно го прекина интервјуто: Раперот избега по прашањето за 12 години помладата девојка

Раперот Стефан Ѓуриќ Раста веќе една година ужива во љубовта со Марија Балабан, 12 години помладата девојка, а нивната љубов јавно не ја разоткриваат.

Многу ретко, речиси никогаш не се појавуваат заедно во јавност.

Двајцата синоќа дојдоа заедно на настан во Белград, иако не дојдоа рака под рака.

Тој го прекина интервјуто кога новинарите го прашаа за неговата девојка и нивната врска.

-Нема да зборувам за тоа, рече Раста и само се сврте и го напушти интервјуто.

Да потсетиме, Раста неодамна за медиумите зборуваше за својата нова љубов, но истакна и дека се уште е на мислење дека нема јавно да ја експонира својата врска, како и дека е среќен и заљубен.

-Тоа секако го кријам од јавноста. Среќен сум, исполнет сум на секое поле и затоа се трудам да го задржам тоа скриено од очите на јавноста, рече тој.

15.12.2022 - 11:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега