Путин во Белорусија на средба со Лукашенко

Рускиот претседател Владимир Путин денеска пристигна во Белорусија каде ќе се сретне со неговиот белоруски колега Александар Лукашенко.

Разговорите ќе започнат во широк формат каде ќе учествуваат шефови на држави и членови на владите на двете земји. Претседателите потоа ќе ги продолжат разговорите во потесен формат во кој ќе учествуваат и министрите за одбрана, по што е закажана прес-конференција. Агендата на разговорите вклучува цела низа билатерални односи, вклучувајќи трговска и економска соработка и спроведување на сојузничките програми.

Според Лукашенко, разговорот ќе биде фокусиран на воено-политичката ситуација во двете земји, прашања од воено-индустрискиот комплекс, безбедносните и одбранбените капацитети, а планирано е да се разговара и за гасот. 

Рускиот лидер последен пат ја посети Белорусија во јуни 2019 година.

19.12.2022 - 15:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега