Путин: Русија е подготвена да направи се, за да обезбеди нуклеарна безбедност

 

Претседателот на Русија Владимир Путин денеска изјави дека Русија е подготвена да направи се, за да обезбеди безбедност во врска со нуклеарната енергија.

„Москва е подготвена да работи со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во сите области поврзани со нуклеарната енергија и е благодарна на агенцијата за реципрочните чекори за зајакнување на соработката“, рече тој на средбата со директорот на МААЕ Рафаел Гроси, пренесува РИА Новости.

Путин и Гроси разговарале околу 50 минути во државната резиденција Бочаров Ручеј во Сочи.

На средбата присуствуваше и генералниот директор на Росатом Алексеј Лихачов, пренесува Танјуг.

06.03.2024 - 21:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега