Путин официјален кандидат за претседател

Владимир Путин (71) лидер со најдолг стаж во Кремељ повторно се регистрираше како кандидат за претседател.

Централната изборна комисија на Руската Федерација денеска го регистрираше Владимир Путин како кандидат за претседател на Русија на изборите закажани за 15 март 2024 година, пренесоа руските медиуми.

За функцијата шеф на државата во моментов се натпреваруваат 11 лица, а ЦИК на Русија претходно регистрираше тројца претседателски кандидати: Леонид Слуцки, Николај Харитонов и Владислав Даванков. Со оглед на тоа што сите тројца се претставници на парламентарни партии, не беше потребно да се собираат потписи за нивна регистрација како кандидати за изборите.

Додека паk кандидатите на вонпарламентарните политички партии Сергеј Малинковиќ, Борис Надеждин, Андреј Богданов, Сергеј Бабурин и Ирина Свиридова треба да поднесат најмалку 100.000 потписи до 31 јануари.

 

29.01.2024 - 12:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега