Путин одржа говор: Развиваме ново моќно оружје

 

 

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун пристигна од Пјонгјанг во Русија со приватен воз, објавија денеска државните медиуми и објавија фотографии на кои се гледа дека, најверојатно, патувал во придружба на највисоките претставници на воената индустрија, дипломати и воени команданти.

Ким го почна своето патување за да се сретне со претседателот Владимир Путин во неделата, објави државната новинска агенција КЦНА. Американските власти, кои први зборуваа за можноста за ваква посета, сметаат дека една од темите на разговорот, најверојатно, ќе биде договор според кој Северна Кореја ќе ѝ испорачува на Русија оружје за војната во Украина.

Како што објави КЦНА, Ким бил придружуван од највисоки владини претставници, вклучително и воен персонал. Во делегацијата има истакнати воени членови на владејачката партија, меѓу кои и директорот на секторот за индустрија за воена опрема, Џо Чун Рионг, а според аналитичарите, составот на делегацијата укажува дека посетата главно ќе се фокусира на соработката во воената индустрија и безбедносните прашања.

Во меѓувреме, рускиот претседател зборуваше на економски форум во Владивосток, пренесува руската државна медиумска агенција „Тасс“. Тој вели дека Русија развива оружје со „ласерски, ултразвучни и радиофреквентни способности“.

Путин зборуваше на годишниот собир, чија цел беше да се поттикнат кинеските инвестиции на рускиот Далечен Исток. Се очекува средбата на Ким со Путин да се одржи по завршувањето на форумот.

12.09.2023 - 19:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега