Пукотници во Врање, тројца тешко повредени
Настанот се случил околу 5 часот утрово во центарот на градот.
Во Здравствениот дом во Врање укажана е помош на лицата повредени во пукотницата што рано утрово се случила во Врање.
Тепачката и пукањето се случиле утрово околу 5 часот во центарот на градот.
Во Здравствениот дом во Врање укажана е помош на четири лица. Оваа информација ја потврди д-р Наташа Стојиљковиќ, менаџерката на болницата, пишува Телеграф.
Според неа, четворица мажи се доведени на лекар, а еден е пуштен на домашно лекување. Двајца се со повреди од куршуми.
Повредите се сериозни, но ничиј живот не е во опасност, вели таа,
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа