Први април - Денот на шегата: Шаренило од маски во училишните дворови

1. Април – Денот на шегата. Ден кога или ќе измамите некој, или пак ќе бидете измамени. Најмладите денеска се маскираат во своите омилени суперхерои или пак во ликови од светот на Дизни. Шаренила од маски ги исполнија училишните дворови и градинките.

Секоја општина во Скопје си реализираше посебна програма. Се организираа дефилеа, а учениците прошетаа на пистите.

Костумите и маските, децата ги подготвувале со своите родители, баби и дедовци. Имаше и Комисии од ученици кои ќе бираат најубава маска. А меѓу децата владее и натпреварувачи дух за победа. 

Насмевнете се денес бидејќи веќе е познато дека смеењето ослободува ендорфини, кои се „хормони на среќата“. 

01.04.2024 - 17:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа