Проверете го вашиот профил – доколку ви е вклучена оваа опција, постои можност од хакирање на вашиот телефон

 

Во текот на притиснувањето на копчето „Click to chat“, вашиот број ќе биде проследен во URL стрингот.

Компанијата „Google“ повеќе пати беше критикувана поради издавање на приватни податоци од корисниците, а сега почна и индексирање на броевите од телефонот преку кои сте ги направиле профилите на „WhatsApp“.

Тоа значи дека доколку една опција е активирана на вашиот профил, сите броеви од вашиот телефон можат ненадејно да се пријават на „Google“.

Имено, опцијата „Click to chat“ која апликацијата „WhatsApp“ ја воведе за полесно да ги пронајдете контактите, всушност открива дека нашиот број од телефонот е достапен во пребарувањата на „Google“.

Оваа опција со помош на линк може да воспостави „WhatsApp“ размена на пораки со било кој, а доколку вие комуницирате со некоја таква личност тогаш сте во еднаква опасност и вашиот број од телефонот ќе им стане достапен на сите на „Google“.

Бидејќи моментално не постои закон или пак одредба со која што „Google“ не смее да ги купува информациите од метаподатоците, вашиот телефонски број исто така дополнително може да се најде на „Google“ пребарувачот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.06.2020 - 14:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега