Пронајдени пушка и патрони при претрес во Драчево
Полициски службеници од СВР Скопје, Единица за недозволена трговија, го лишиле од слобода З.М.(46) од Драчево, Скопје.
По претходни сознанија и добиена наредба од Основен кривичен суд Скопје бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени една ловна пушка и 44 ловни патрони.
Лицето е приведено и задржано во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
08.01.2024 - 14:24
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа