Пронајден женски труп во реката Вардар - се преземаат мерки за утврдување на идентитетот


На 25.05.2023 во 12.49 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Ново Село, скопско, во водите на реката Вардар бил забележан женски труп. Од екипа на противпожарната единица Скопје телото било извадено од реката и по наредба на Јавен обвинител било предадено за обдукција, информираат од МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за утврдување на идентитетот.

26.05.2023 - 16:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега