Прогласен „црвен аларм“ поради климатските промени
Глобалните климатски рекорди беа срушени минатата година, истакна денеска Светската метеоролошка организација (СМО), изразувајќи особена загриженост поради прекумерното затоплувањето на океаните и топењето на морскиот мраз.
СМО во својот годишен извештај за состојбата на глобалната клима потенцира дека просечните температури го достигнале своето највисокото ниво во последните 174 години мерење – 1,45 степени Целзиусови над прединдустриските нивоа.
„СМО прогласува црвен аларм за светот“, соопшти генералниот секретар на СМО, Селест Сауло.
„Она што го доживеавме во 2023 година, особено невидената топлина на океанот, повлекувањето на глечерите и губењето на морскиот мраз на Антарктикот, е причина за посебна загриженост“, додаде Сауло.
Климатските промени предизвикани од согорувањето на фосилните горива, ги соборија рекордите во 2023 заедно со климатскиот феномен Ел Нино.
Поради влијанието на Ел Нино врз зголемување на температурите, научниците предупредуваат дека 2024 може да биде и полоша.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа