Продолжува штрајкот на ДИЦ - вработените бараат да им се зголемат платите за 25%

Нема да се одржи есенската сесија за стручниот испит за наставници, стручни работници и приправници. Станува збор за 700 лица кои треба да полагаат за лиценца, по што би им се трансформирал работниот однос за да бидат вработени на неопределено време. Овие лица ќе си почекаат до следната година.

Ситуација ескалираше оти вработените во Државниот испитен центар на го добија посакуваното зголемување на платите, односно измена во посебниот колективен договор што ќе овозоможи покачување на плата од 25%.

„МОН и МФ ги изманипулираа и ги излажаа овие работници. За жал, овие рабтоници се чувствуваат изманипулирани и излажани. Функционерите покажаа дека немаат 2.000, 3.000 или 5.000 денари за зголемување на платите на овие работници, а имаат за 78% да си ги зголемат нивните плати“, изјави Слободан Трендафилов на денешната прес-конференција со новинарите.

„Тој наставник приправник којшто ја има таа почетна плата од 35 илјади денари, правото на лиценца го стекнува со правото на полагање пред советници и вработени во ДИЦ. Оној што го оценува колку е тој способен има многу пониска плата од него“, истакна Емилија Бошковска, претседател на Синдикална организација при Државниот испитен центар.

Од МОН велат да си продолжи дијалогот меѓу двете страни, се до целосно усогласување на ставовите.

„Министерството за образование и наука апелира да продолжи дијалогот помеѓу Министерството за финансии и Државниот испитен центар до целосно усогласување на ставовите на двете страни, односно изнаоѓање на решение кое ќе задоволи барања на ДИЦ, а фискалните импликации ќе бидат во рамки на расположливите буџетски можности. Потсетуваме дека со потпишувањето на новиот општ колективен договор, и вработените во оваа институција, меѓудругото, од месец септември добија 10% повисоки плати, така што тоа е потврда дека кај Владата постои волја и постојано се заложува за унапредување на правата на вработените во јавната и државната администрација“, потенцираа од МОН за Сител.

19.12.2023 - 18:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега