Продавачка си пазарувала со заборавена банкарска картичка - ќе одговара кривично

 

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против М.П.(20) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

На работното место во продажен објект во Свети Николе, пријавената задржала банкарска картичка која ја заборавило лице од Свети Николе.

Таа во периодот од 11.01.2024 до 16.01.2024 извршила повеќе плаќања, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 5.235 денари.

15.02.2024 - 16:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега