Пробал да прошверцува 45 шишиња метадон, ама го фатиле на дело

СВР Битола поднесе кривична пријава против О.Т.(54) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 01.12.2023, полициски службеници извршиле преглед на автобус, кој сообраќал на релација Градско-Прилеп, а со кој патувал пријавениот, при што кај него пронашле и одзеле 45 шишиња метадон.

29.05.2024 - 17:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега