Приведени група млади велешани, пронајдена голема количина на дрога
Вчера полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР-Велес ги лишиле од слобода К.Ѓ.(22), Л.Б.(19), В.М.(31), Љ.В.(37), М.Ѓ.(29), И.В.(32) и Љ.О.(25) сите од Велес затоа што кај нив биле пронајдени и одземени хашиш, марихуана, бела прашкаста материја, бела грутчеста материја и таблета, а И.В. и Љ.О. биле затекнати како продаваат дрога на лица од Велес.
Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
09.03.2024 - 11:41
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа