Приведени двајца штипјани за издржување на затворски казни

Вчера во 12.15 часот на ул.„Железничка“ во Штип полициски службеници од СВР Штип го привеле М.П.(40) од Штип, а во 13.00 часот на ул.„Ваташка“ во Штип го привеле и Б.Д.(64) од Штип.

М.П. бил баран со писмена наредба од  Основен суд Штип за издржување на затворска казна од една година, поради „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Б.Д., пак, бил  баран со судска наредба за издржување казна затвор по член 235-а за „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“.

М.П. и Б.Д. биле спроведени во Казнено-поправната установа Затвор Струмица за издржување на казната.

05.07.2024 - 11:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега