Приведени двајца криминалци од Куманово
Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода С.С.(39) и М.И.(31), двајцата од Куманово. С.С. бил осуден на казна затвор од 10 години за сторени кривични дела „разбојништво“ и „тешка кражба“ по член 237 и 236 од Кривичниот законик, а бил баран по централнa потерница врз основа на судска наредба за доиздржување на две години и осум месеци од казната.
М.И., исто така, бил баран по централнa потерница врз основа на судска наредба, за издржување на затворска казна од шест месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.
Лицата биле спроведени во Казнено-поправна установа Затвор К’шање за издржување на казните.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа