Приведен дилер во Битола
Синоќа на улицата Шералти во Битола, полициски службеници го приведоа У.К.(36) од селото Граешница, битолско.
Тој бил осуден на казна затвор во траење од три години за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Битола за доиздржување на една година и седум месеци од казната.
Лицето било спроведено во казнено – поправната установа за доиздржување на казната.
29.12.2023 - 10:57
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа