Притвор зад 45-годишен скопјанец: Со тупаници и клоци по главата и телото ја удирал својата партнерка
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило продолжено кривично дело – Тешка телесна повреда според член 131 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.
Во семејниот дом на улицата „Партение Зографски“, во периодот од 25 до 30 мај, осомничениот 45-годишен скопјанец, во повеќе наврати вршел семејно насилство врз својата вонбрачна партнерка, нанесувајќи и тешки телесни повреди.
Тој ја удирал со тупаници и клоци по главата и телото, при што кај оштетената предизвикал тешки телесни повреди изразени во вид на хематоми во пределот на лицето, на обете подлактици и мултифрагментарни фрактури на носните коски.
Јавниот обвинител ги ценеше околностите кои што очигледно укажуваат на опасност од бегство и го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе го повтори делото, како и фактот што конкретниот кривично-правен настан генерално се однесува против моралот. Од тие причини, до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа