Пристигнува разладување - подгответе се за невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и град

И утре ќе се задржи многу топло време со максимална температура наместа над 40 степени и ќе биде активно портокаловото ниво за опасност од високи температури, информира УХМР.

Од утре и во следните денови во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме.

Според УХМР, за време на викендот и во почетокот на идната недела ќе биде нестабилно на повеќе места, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град. 

14.08.2024 - 12:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега